Свет САД го поздравиja договорот ЕУ – Турција

САД го поздравиja договорот ЕУ – Турција

Американскиот Стејт департмент доцна синоќа го поздрави договорот што го постигнаа ЕУ и Турција за да се стави крај на мигрантската криза, оценувајќи дека тој претставува „значаен чекор“.

„Ја поздравуваме формулацијата во договорот дека сите бегалци имаат право на заштита. Тоа јасно покажува дека договорот е во целосна согласност со законодавството на ЕУ и со меѓународното право“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Во текстот, исто така, се изразува и подготвеноста на САД да ги поддржат државите кои се најмногу погодени од бегалскиот прилив.

Европската Унија и Турција вчера постигнаа договор за надминување на мигрантската криза, со кој треба да запре приливот на бегалци преку Егејското Море и од утре сите нови мигранти што ќе пристигнуваат во Грција од Турција, ќе бидат враќани назад.