Свет Свет САД го отфрлија барањето на Русија да разговараат за примирјето во Сирија

САД го отфрлија барањето на Русија да разговараат за примирјето во Сирија

САД го отфрлија барањето на Русија за итен состанок за да се разгледува прекршувањето на спогодбата за прекин на непријателството во Сирија, со образложение дека тие прашања се „разгледуваат на конструктивен начин“.

– Ги видовме медиумските извештаи за наводната руска загриженост поради прекршувањето на примирјето. Кој и да ги изнесува таквите наводи, мора да е лошо информиран затоа што тие прашања се веќе разгледани и понатаму се разгледуваат на конструктивен начин – изјави неименуван американски претставник во Женева.

Генерал-штабот на руската војска претходно предложи одржување на итен состанок со американските воени претставници за да се договорат механизми за контрола на примирјето во Сирија.

Истовремено, Москва предупреди дека ако не добие одговор до 22 март, ќе почне да дејствува еднострано.

„Нови одложувања за примена на договорените правила за реагирање на кршење на примирјето во Сирија се неприфатливи“, стои во соопштението на руското министерство за одбрана.