Македонија САД ги поздравија преговарачките напори на Хан

САД ги поздравија преговарачките напори на Хан

Американскиот Стејт департмент синоќа ги поздрави успешните преговарачки напори на еврокомесарот за проширување ,Јоханес Хан, како и одлуката на македонската влада и на опозицијата за реафирмирање на заложбата од 2 јуни за европските принципи, меѓуетничките и добрососедските односи.

Заменик-државниот секретар Антони Блинкен, за време на вчерашната средба во Вашингтон со Хан, рекол дека нема да биде лесен патот напред за Македонија кон евроатлантските интеграции, но оти САД и ЕУ активно ќе ја поддржуваат Македонија и ќе помагаат во справувањето со предизвиците, соопшти портпаролката на Стејт департментот, Мари Харф, на денешната редовна средба со новинарите.