Свет Европа Рускиот опозиционер Навални изведен пред суд

Рускиот опозиционер Навални изведен пред суд

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денеска е изведен пред суд откако вчера беше уапсен заедно со стотина други демонстранти ширум Русија кои протестираа против корупцијата.

Навални треба да се појави пред судот под обвинение дека организирал и неовластено предводел активности за кршење на јавниот мир, за што законот предвидува затворска казна до 15 дена.

САД и ЕУ го осудија апсењето на стотина демонстранти во Русија и ги повикаа властите веднаш да ги ослободат.

Московската полиција објави дека само во главниот град се уапсени околу 500 лица, а невладините организации јавуваат дека станува збор за околу 1.030 лица.