Свет Руската војска бомбардираше област кај Палмира

Руската војска бомбардираше област кај Палмира

Руската војска соопшти дека ја бомбардирала областа кај градот Палмира, упориште на Исламска држава во Сирија. Руските авиони уништиле дефанзивна позиција и противвоздушни системи на Исламска држава.

Според сириската опсерваторија за човекови права, во нападите е погоден познатиот антички град што е под заштита на УНЕСКО и чиишто делови екстремистите претходно уништија.

Руското министерство, пак, соопштило дека во предградие на Алепо е уништен камп, во кој се тренирале екстремистички борци од странство.