Економија Руската економија може да загуби 140 милијарди долари

Руската економија може да загуби 140 милијарди долари

Рускиот министер за финансии, Антон Силуанов

Најмалку 40 милијарди долари може да загуби руската економија поради геополитичките санкции. Од  90, пак, до 100 милијарди долари може да изгуби поради падот на цената на нафтата, изјави рускиот министер за финансии, Антон Силуанов.

Причината за намалување на цената на нафтата е зголемувањето на производството во Саудиска Арабија, Либија и во Ирак, незаконска продажба по ниски цени која ја вршат припадниците на Исламската држава.