Свет Свет Русите гаѓале 1.458 терористички мети за една недела

Русите гаѓале 1.458 терористички мети за една недела

Руското воено воздухопловство извршило 431 прелет и погодило 1.458 терористички мети во Сирија, во периодот од 26 ноември до 4 декември, соопштија од руското министерство за одбрана.

Портпаролот на министерството за одбрана, Игор Конашенков, изјави дека руските авиони уништиле 12 бензински станици, осум нафтени полиња, нафтени и гасни постројки, како и повеќе од 170 камиони што им припаѓале на екстремистите.

Русија почна да ја бомбардира Исламската држава во Сирија на 30 септември, на барање на сирискиот претседател Башар ал Асад.