Таг: Rusi
таг: Rusi
Бугарската државна безбедност обвинета дека не спречила издавање бугарски пасоши на Руси
Државната агенција „Национална сигурност“ (ДАНС) не презела соодветни мерки по дојава дека постои канал за незаконско издавање бугарско државјанство на Руси што користеле лажни документи, обвини Атанас Атанасов, копретседател на коалицијата „Продолжуваме со промената - Демократска Бугарија“.
Како што пренесува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg, Атанасов посочува дека станува збор за начин на инфилтрирање на луѓе од разузнавачките служби на Русија во...
Снимката на која сенаторот Греам вели „Русите умираат“ е фабрикувана
Не е вистина дека Греам изјавил „И Русите умираат. Најдобрите пари што некогаш сме ги потрошиле“, а видеото кое што го тврди тоа е погрешно едитирано. Подолга верзија на разговорот, која беше објавена од украинската влада, а потоа и од Ројтерс, меѓу другото, покажува дека двете забелешки – врамени како дел од истиот коментар – всушност не се поврзани....
Во хеликоптерска несреќа во Турција загинаа турски и руски бизнисмени
Во Турција, во пад на хеликоптер кој превезувал видни бизнисмени, загинаа пет лица. Како што јавуваат локалните медиуми, несреќата се случила откако леталото удрило во телевизиски предавател и се урнало на автопат.
Од компанијата „Кугу Хавачилик“, која е инволвирана во издавањето лиценца за хеликоптери, соопштија дека леталото било сопственост на фармацевтската компанија „Ецзацибаси“, од која засега нема реакција.
Хеликоптерот полетал од...
Русите гаѓале 1.458 терористички мети за една недела
Руското воено воздухопловство извршило 431 прелет и погодило 1.458 терористички мети во Сирија, во периодот од 26 ноември до 4 декември, соопштија од руското министерство за одбрана.
Портпаролот на министерството за одбрана, Игор Конашенков, изјави дека руските авиони уништиле 12 бензински станици, осум нафтени полиња, нафтени и гасни постројки, како и повеќе од 170 камиони што им припаѓале на екстремистите.
Русија...
Франција: Руски државјани подготвувале атентат
Пет руски државјани со чеченско потекло се уапсени во францускиот град Безие, под сомневање дека подготвувале атентати, пишува денеска весникот „Миди либр“.
За време на полициската акција, откриен е експлозив скриен во близината на стадионот „Сослиер“.