Свет Русија забележала 50 случаи на кршење на примирјето во Сирија

Русија забележала 50 случаи на кршење на примирјето во Сирија

Русија забележала 50 случаи на прекршување на договорот за прекин на огнот во Сирија во последните 24 часа, соопшти руското министерство за одбрана.

Прекршувањата, како што се наведува, регистрирани се во сириските провинции Алепо, Дамаск, Хама, Латакија, Хомс и Дара.

САД и Русија претходно овој месец постигнаа договор за прекин на огнот и за доставување хуманитарна помош во Сирија.