Подглавна секција Русија протера шест британски дипломати – ги обвинува за шпионирање и „субверзивни...

Русија протера шест британски дипломати – ги обвинува за шпионирање и „субверзивни активности“

Овој потег доаѓа во време кога премиерот Кир Стармер го посети Вашингтон на разговори со претседателот Џо Бајден, кои ќе го вклучат барањето на Украина да користи оружје доставено од Запад против цели во Русија

该图片由Artur JanasPixabay上发布

Русија денеска обвини шест британски дипломати за шпионирање и донела одлука да ги протера од земјата, пренесуваат светските агенции.

Руската Федерална служба за безбедност објавила соопштение дека е донесена одлука за повлекување на нивните акредитации, а руската државна телевизија цитираше официјален претставник од безбедносната служба позната како ФСБ дека е донесена одлука за нивно протерување. Велика Британија соопшти дека протерувањето се случило минатиот месец.

Овој потег доаѓа во време кога премиерот Кир Стармер го посети Вашингтон на разговори со претседателот Џо Бајден, кои ќе го вклучат барањето на Украина да користи оружје доставено од Запад против цели во Русија.

Стармер на пат кон САД рече дека Британија „не бара никаков конфликт со Русија“.

„Русија го започна овој конфликт. Русија незаконски ја нападна Украина. Русија може веднаш да го прекине овој конфликт“, им рече тој на новинарите.