Свет Русија не сака да се врати во Г8

Русија не сака да се врати во Г8

Русија нема да се врати во Г8, без разлика на повиците на некои западни политичари, порача Кремљ, додавајќи дека таквиот политички формат е надживеан.

Министерството за надворешни работи на Руската Федерација смета дека на големата осумка на развиени земји „не ѝ е потребно враќање во живот“.

Поради тоа Русија не планира да исполнува никакви барања на Г7, односно на остатокот од големата осумка, која по случувањата во Украина го замрзна членството на Русија.

Германската канцеларка, Ангела Меркел, минатата година нагласи дека учеството на Русија на самитот Г7 е незамисливо.

Истовремено, министерот за надворешни работи на Германија, Франк Валтер Штајмаер, повеќепати се заложи за враќање на Русија во големата осумк, нагласувајќи дека на Западот му е потребен ангажманот на Москва за да се решат судирите во Сирија и во Ирак.

Тој, исто така, наведе дека Русија треба да „преземе чекори кои би довеле до отворање пат за преговарачки формат Г8“.

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, порача дека обидите да се натера Русија да „плати некои сметки“ за обнова на големата осумка се апсолутно неосновани.