Свет Русија најави контрамерки за санкциите на ЕУ

Русија најави контрамерки за санкциите на ЕУ

Москва „соодветно“ ќе одговори на новите санкции на ЕУ наметнати поради украинската криза, соопшти руското министерство за надворешни работи, додавајќи дека ваквите мерки нема да придонесат за решавање на судирите во Украина.

Во соопштението на руското МНР, се наведува дека Москва е изненадена и збунета од воведувањето на новите санкции и оти тие се спротивни на здравиот разум.

ЕУ минатата недела на црната листа додаде уште девет нови имиња и девет правни лица, а денеска стапи на сила.