Свет Европа Русија издаде налог за апсење на Арсениј Јацењук

Русија издаде налог за апсење на Арсениј Јацењук

Локалниот суд во рускиот град Јесентук издаде налог за апсење на поранешниот украински премиер Арсени Јацењук.

Според соопштението на судот, меѓународниот налог за апсење на Јацењук стапил на сила уште на 21 февруари.

Јацењук како што се наведува, се бара поради обвинување дека учествувал во вооружена група во рускиот регион Северен Кавказ во средината на 1990 година, борејќи се против руските сили.

И поранешниот украински премиер потврди дека украинската влада му соопштила дека е издаден налог за негово апсење.

Во септември 2015 година, шефот на рускиот истражен комитет, Александар Бастријкин го обвини тогашниот премиер Јацењук дека се борел во Чеченија и дека учествувал во мачење и егзекуции на руските војници.