Свет Свет Русија ѝ одобри на Ерменија заем од 200 милиони долари за купување...

Русија ѝ одобри на Ерменија заем од 200 милиони долари за купување оружје

Русија денеска ѝ одобри заем на Ерменија од 200 милиони долари за купување руско оружје. Кредитот е за десет години со поволна каматна стапка.

Ерменија е еден од сојузниците на Москва на чијашто територија Русија има воена база.

Средствата за набавка на ново оружје ќе го разгневат Азербејџан, кој има спор со Ерменија околу областа Нагорно-Карабах.