Свет Европа Русија: Експлозија во магацин за ракети, евакуирани 600 лица

Русија: Експлозија во магацин за ракети, евакуирани 600 лица

Најмалку 600 лица се евакуирани поради експлозија во магацин за муниција на полигон во Астрахан, Јужна Русија, соопшти руското министерство за одбрана, додавајќи дека нема жртви.

Како што се наведува во соопштението, се запалиле лансирни рампи кои се користат за лансирање ракети во ниската орбита околу Земјата.

Противпожарните служби набргу успеале да го изгаснат пожарот.

– Пожарот се случи по низа силни експлозии. Според првичните информации, магацинот содржи делови за производство на ракети, вклучувајќи и ракетни мотори – соопшти претставник на руските власти.