Свет Русија бара состанок со САД за контрола на примирјето во Сирија

Русија бара состанок со САД за контрола на примирјето во Сирија

Руската војска побара итен состанок со претставниците на САД за да се договорат за начинот на контрола на примирјето во Сирија.

Во соопштението се вели дека Русија ќе дејствува унилатерално ако до 22 март не добие одговор.
Примирјето стапи на сила на 27 февруари и оттогаш се намалени непријателствата.

Милитантите на Исламска држава и Фронтот Ал нусра, поврзан со Ал каеда, се исклучени од договорот.
Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин им нареди на руските сили делумно да се повлечат од Сирија, но нагласи оти продолжуваат акциите против милитантните групи.