Свет Рухани: Протестите не се странски заговор, луѓето сакаат повеќе слобода

Рухани: Протестите не се странски заговор, луѓето сакаат повеќе слобода

Иранскиот претседател Хасан Рухани денеска порача дека е погрешно да се сметаат протестите во Иран за резултат на странски заговор, бидејќи, според него, станува збор за вистински револт на граѓаните поради ускратувањето на слободите.

– Проблемите на луѓето не се економски, тие сакаат повеќе слобода – изјави Рохани на вонредна средба за безбедноста, индиректно критикувајќи ги претставниците на режимот кои се спротивставуваат на неговите обиди да спроведе политички и културни реформи.

Од минатиот четврток илјадници Иранци протестираат против невработеноста и блискоисточната политика на Техеран и покрај предупредувањата на безбедносните сили.

Претходно, иранската државна телевизија јави дека 12 лица се убиени за време на протестите низ целата земја.