Свет Балкан Романскиот парлaмент расправа за доверба на премиерот Понта

Романскиот парлaмент расправа за доверба на премиерот Понта

Во романскиот парламент денеска почна расправа за гласање доверба на премиерот Виктор Понта, кому му се суди за затајување данок, перење пари, судир на интереси и за давање лажни изјави додека работел како адвокат во 2007 и во 2008 година.

Понта ги отфрли сите обвиненија.

Неколку илјади лица се добраа во паркот пред парламентот во Букурешт, извикувајќи „Долу влада“ и „Срам сте за Романија и за Европската унија“.

Претседателот на државата, Клаус Јоханис, апелирал Понта да поднесе оставка, додека премиерот ја обвини опозициската Либерална партија дека се „крие зад обвинителството“.

Понта тврди дека економската ситуација во Романија се поправила од 2012 година, односно за време на неговиот мандат, и оти оставката само придонесе за политичка нестабилност во земјата.