Македонија Родилка починала во Тетово од нестручно изведено породување

Родилка починала во Тетово од нестручно изведено породување

Триесет и тригодишна родилка од Тетово починала од нестручно изведено породување во тетовската болница, а бебето се наоѓа во критична состојба, обвинува семејството, пишува „Нова ТВ“.

За случајот се води истрага, а гинекологот што ја вршел интервеницијата е суспендиран од работа додека не заврши истрагата.

Ноќта меѓу 19 и 20 август, на одделението за гинекологија во болницата во Тетово се случувала вистинска драма. Член на потесното семејство раскажува дека породувањето со царски рез на В.К. почнало во 21 часот и траело до полноќ, но поради обилно крварење и компликации, во 3 часот изутрината била направена уште една операција.

Поради лошата здравствена состојба во која западнала, младата жена била префрлена на скопските клиники на КАРИЛ, каде во 8 часот изутрина била повторно оперирана. Родилката починала по неколку дена поминати на апарати за дишење на одделението за интензивна нега.