Главна секција Рочиштето за „Тврдина 2“ одложено, се чека известување од МВР за Грујовски

Рочиштето за „Тврдина 2“ одложено, се чека известување од МВР за Грујовски

Денешното рочиште за случајот „Тврдина 2“ се одложи бидејќи судот и СЈО го чекаат известувањето од Eдиницата за потраги на МВР во врска со достапноста на обвинетиот во случајот, Горан Грујовски, кој е во бегство и по кого е распишана потерница.

Известувањето е неопходно за да може СЈО да побара на Грујовски да му биде судено во отсуство.
Обвинителката на СЈО, Ленче Ристовска, потврди дека ќе бараат да му се суди во отсуство, а неговиот адвокатот Љупчо Шврговски во изјава за медиумите рече дека и во таков случај ќе продолжат да го застапуваат поранешниот началник на петтата управа зашто тоа од нив било побарано и од синот на Грујовски.

Следното рочиште е закажано за 2 октомври, до кога судот и СЈО очекуваат да го добијат известувањето од МВР и да продолжат со постапката.