Забава Роби Вилијамс ги пееше најголемите хитови во Белград

Роби Вилијамс ги пееше најголемите хитови во Белград

Светски оознатиот пејач Роби Вилијамс синоќа одржа концерт на Ушче, на кој беа присутни повеќе од 30.000 негови обожаватели.

Роби, и покрај дождот, во текот на двата часа ги изведе своите најголеми хитови, а на сцена го придружуваа 20 членови на групата.

Пред настапот на Роби, публиката ја забавуваа учесниците на „Икс фактор“, годинешната српска претставничка на „Евровизија“, Бојана Стаменов, и дуото „Ту челос“.

По завршувањето на концертот, пејачот на својот твитер-профил напиша: „Србија: Не знам што очекував, но не го очекував тоа. Бевте неверојатни вечерва, не можам да дочекам да се вратам“.