Македонија Ристовска: СЈО ги доби сите документи од Централен регистар

Ристовска: СЈО ги доби сите документи од Централен регистар

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги добило сите барани документи од Централниот регистар, потребни за дел од истрагите што ги води, соопшти на денешната прес-конференција, обвнителката на СЈО, Ленче Ристовска.

Обвинителката рече дека нема уништени материјали меѓу оние што биле предмет на нивен интерес.

– Во Централен регистар немаше уништени документи, а наш интерес беа, односно ги баравме регистарските влошки за одредени компании основани во Македонија – изјави Ристовска, одговарајчи на новинарско прашање во врска со минатонеделната акција на СЈО во Централниот регистар.

Таа, во интерес на предистражната постапка, не сакаше да каже за кои фирми станува збор, ниту пак за кои предмети на СЈО му е потребна докуменацијата од Централниот регистар.

– Очекуваме сите институции отворено да соработуваат со СЈО бидејќи не е во наш интерес со судски налог, насила, да одземаме документи – додаде Ристовска.