Главна секција Ристоска: Верувам дека ќе се најде извесно законско решение, СЈО сè уште...

Ристоска: Верувам дека ќе се најде извесно законско решение, СЈО сè уште функционира

Специјалното јавно обвинителство сè уште постои, сè уште функционираме според законот за СЈО до септември 2020, изјави денеска обвинителката од СЈО Ленче Ристоска пред судското рочиште за случајот „Талир“.

– Верувам дека ќе најдат начин. Јас се уште не губам надеж и верувам дека ќе се најде извесно законско решение – рече Ристовска.

Таа најави дека во текот на денот, СЈО ќе излезе со официјално соопштение за содржината на дописот од јавниот обвинител и за сето она што треба да го соопштат како информација во однос на предметите кои треба да ги предадат.

– Последните консултации со колегите ќе ги направиме денеска и ќе објавиме официјален став на Обвинителството – рече Ристовска.