Економија Република Српска ги забрани производите на „Пекабеско“

Република Српска ги забрани производите на „Пекабеско“

Република Српска денеска го забрани производите на македонската компанија „Пекабеско“ бидејќи во нив, наводно, се откриени канцерогени материи, јавува „Балкан инсајт“

Македонските официјални претставници и претставниците на „Пекабеско“ се изненадени од одлуката на министерството за земјоделство на Република Српска да се забрани увоз на сите производи од компанијата.

Како што јавува БИРН, македонската Агенција за храна и ветеринарство денеска дознала за случајот, ја разгледува ваквата одлука и наскоро ќе излезе со реакција.

Министерството на Република Српска ги прогласи сите производи на „Пекабеско“ за „нездрави“ откако на анализите покажале дека содржат поголемо ниво на адитиви од препорачаното, како и содиум нитрат, кој е канцероген. Министерството забрани увоз на сите производи од „Пекабеско“ и ја алармираше босанската Агенција за храна и ветернарство, како и пограничните инспектори.

Македонската компанија „Пекабеско“ вели дека користи меѓународно признаени безбедносни системи БРЦ и ХАССП „за производство и за продажба на безбедна и здрава храна“.