Свет Европа Ренци: ЕУ е како „оркестарот на Титаник“

Ренци: ЕУ е како „оркестарот на Титаник“

Италијанскиот премиер, Матео Ренци, изјави дека Европската унија е како „оркестарот кој свирел на Титаник“.

Ренци во интервју за „Блумберг“ ја повика ЕУ да го смени правецот и повеќе да се фокусира на порастот и на вработеноста, а да биде помалку бирократска.

– Ги спроведовме реформите (дома) и сме во позиција да им кажеме на нашите европски партнери – пријатели, можеме да го смениме овој погрешен бирократски пристап – рече Ренци.

Инаку, познато е дека оркестарот на Титаник свирел додека бродот тонел.