Македонија Рекордна бројка за вдомување кучиња од прифатилиштето „Лајка“ на отворениот ден за...

Рекордна бројка за вдомување кучиња од прифатилиштето „Лајка“ на отворениот ден за граѓаните

Од ЈП „Лајка“ им се заблагодарија на сите граѓани, активисти и здруженија кои ги посетиле и со кои имале можност да поразговараат како може да ја подобрат работата и вдомувањето на кучињата

Фото: ЈП Лајка

Рекордни 20 апликации за вдомување бездомни кучиња од ЈП „Лајка“ добило претпријатието на отворениот ден за вдомување, што се одржа во саботата.

Од ЈП „Лајка“ им се заблагодарија на сите граѓани, активисти и здруженија кои ги посетиле и со кои имале можност да поразговараат како може да ја подобрат работата и вдомувањето на кучињата.

Фото: ЈП Лајка

На отворениот ден, граѓаните имаа можност да се запознаат со процесот на работа, процесот на вдомување, да прошетаат во прифатилиштето и да се дружат со кучињата од ЈП Лајка. Дваесет посетители подоцна поднеле апликации за да вдомат некое од кучињата.

Претходно, на Фејсбук профилот на „Лајка“ беа споделени и фотографии од подготовката на кучињата пред средбата со посетителите.

Во меѓувреме, во ЈП Лајка во тек е и кампања за вдомување кучиња од расата питбул. Во прифатилиштето има петнаесет кучиња од оваа раса кои ги имаат поминато сите фази, од стерилизација/кастрација, вакцинирање, ветеринарни прегледи и тестирања.