Македонија Реконструирана планинарската патека на Водно

Реконструирана планинарската патека на Водно

Град Скопје, во соработка со Федерацијата на планинарски спортови и со Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, ја реконструираше пешачко-планинарската патека Словенска, која се протега од потегот кај полициската станица Водно до Средно Водно.

На патеката се поставени нови 34 дрвени скали, реконструирани и заѕидани се и 30 постојни скали, а за безбедно движење по патеката, на три места е поставена заштитна ограда. Освен тоа, поставени се и седум нови патокази, четири информативни табли, од кои две се на македонски и две на англиски.

„Реконструираната патека почнува на 320 метри надморска височина, а завршува на паркиралиштето на Средно Водно, на 580 метри надморска висина. Висинската разлика од почетокот до крајот на патеката е 260 метри надморска висина, вкупна должина од 2.100 метри и време на минување 40 минути“, информираат од Град Скопје.