Македонија Реконструиран булеварот АСНОМ во Ново Лисиче

Реконструиран булеварот АСНОМ во Ново Лисиче

„Станува збор за проект со кој целосно се реконструира коловозот со вкупна  површина од 9.750м2 и должина од 1.100 метри, со рабници и тротоари, а извршено е и нивелирање на шахти и сливници“, велат од Град Скопје.

Фото: Град Скопје

Завршена е реконструкцијата на дел од булеварот АСНОМ во Ново Лисиче, односно од булевар Србија до Куќата на фудбалот, соопшти денеска Град Скопје откако градоначалничката Данела Арсовска изврши увид на овој проект.
„Станува збор за проект со кој целосно се реконструира коловозот со вкупна  површина од 9.750м2 и должина од 1.100 метри, со рабници и тротоари, а извршено е и нивелирање на шахти и сливници“, велат од Град Скопје.
Оттаму додаваат дека со реконструкцијата се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот, а со овој проект е извршено и целосно уредување на зелените површини покрај булеварот со вкупна површина од 27.000 квадратни метри.
На новата зелена површина поставено е соодветно партерно уредување, садници, летниковци и нова хидрантска мрежа за наводнување на тревниците.