Дописници Реката Далјан го однесе платото пред истоимениот хотел

Реката Далјан го однесе платото пред истоимениот хотел

Алармантна е состојбата со асфалтираниот пат и со платото пред хотелот „Далјан“ и Извидничкиот центар во Охрид, предупредија од Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата од Охрид.

Реката Далјан создава брза ерозија, пукнатини и поткопување на горниот слој од површината, можно е лизгање на патот и сериозни проблеми по безбедноста на возилата и на луѓето кои се движат кон хотелот „Далјан“.

Потребна е итна средба и координација со градоначалникот и на надлежните служби во локалната самоуправа, јавните претпријатија, полицијата и на другите институции за брзо и ефикасно запирање на процесот на лизгање и под налетот на водената маса и бранови, физичкото разорување на патот пред хотелот и пред Извидничкиот центар.

– Ваква иницијатива веќе во понеделник ќе поднесе Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, а за навремена санација на понатамошното дробење на патот и странично поместување на коритото на реката Далјан и Извидничкиот центар – вели претседателот на Советот, Стефан Димоски.

Претставниците на хотелот „Далјан“ предупредиле дека за еден месец ја очекуваат првата група туристи, кои се хендикепирани лица.