Економија РЕК Осломеј исклучен од мрежа, после еден месец непрекината работа

РЕК Осломеј исклучен од мрежа, после еден месец непрекината работа

РЕК Осломеј | Фото: Државен инспекторат за државна средина

После еден месец непрекината работа, утрово од електроенергетскиот систем е исклучен РЕК Осломеј, информираат од Електрани на Македонија. Како што е наведено во соопштението, поволните временски услови и добрата кондиција во која се наоѓаат производствените капацитети на АД ЕСМ, особено РЕК Битола, овозможиле исклучување на РЕК Осломеј, за да се интервенира на неколку позиции во термоицентралата.

„Во следните неколку недели во РЕК Осломеј планирани се активности за санација на млинови, на кондензатор, издувни канали. Останува отворена и можноста за брзо ставање во функција на термоцентралата во зависност од потребите на електроенергетскиот систем на државата“, наведено е во соопштението.

Во меѓувреме, со работа продолжуваат сите останати капацитети на АД ЕСМ
со цел до крајот на грејната сезона да се обезбедат сите потребни количини на електрична енергија исклучиво од домашно производство.