Здравје Регистрирани уште 465 случаи на ковид-19 и 21 починат

Регистрирани уште 465 случаи на ковид-19 и 21 починат

Фото: Testalize.me on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во земјава се направени 1.707 тестови, а регистрирани се 465 нови случаи на ковид-19. Најголемиот број од нив се во Скопје – 341.

Во истиот временски период, регистрирани сe 1.880 оздравени пациенти и 20 починати лица: 6 од Скопје (70г, 71г, 75г, 80г, 83г и 95г), по две починати лица од Кочани (60г и 75г), Неготино (78г и88г), Прилеп (72г и 77г) и по едно од Велес (78г), Кичево (66г), Куманово (83г), Охрид (93г), Свети Николе (80г), Струга (80г), Струмица (76г) и Штип (68г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Ресен (72г), починато во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 20 лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјава се направени вкупно 1.847.971 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на потврдени случаи изнесува 287.481, бројот на оздравени пациенти е 269.014, на починати е 8.768, а бројот на активни случаи изнесува 9.699.