Македонија Регистрирани 29 прекршувањa на забраната за движење, 544 санкции за неносење маска

Регистрирани 29 прекршувањa на забраната за движење, 544 санкции за неносење маска

Фото: Суад Бајрами, Порталб.мк

Од 22 часот (12 март) до 05 часот (13 март) констатирано е дека 29 лица не ја почитувале забраната за движење, од нив 18 се на територија на СВР Скопје, информираат од МВР.

Во текот на изминатото деноноќие пак на територијата на државата, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 544 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.