Економија Регистрирани 1.075 бесправно изградени објекти

Регистрирани 1.075 бесправно изградени објекти

Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2014 година, на територијата на Македонија се регистрирани 1.075 бесправно изградени објекти.

Според видот на објектот, бесправно се изградени 196 објекти за домување (18,2 проценти), 176 доградби, надградби и адаптации (16,4 проценти), 74 деловни објекти (6,9 проценти), 80 гаражи (7,4 проценти), 145 огради (13,5 проценти), 12 скалила (1,1 процент), 45  тераси (4,2 проценти), 8 летни тераси (0,7 отсто), 102 настрешници (9,5 проценти), 101 привремен објект (9,4 проценти) и 136 помошни објекти  (12,7 проценти).

Најголем број бесправно изградени објекти (97,5 проценти) се приватна сопственост.