Свет Балкан Регистриран земјотрес на Кипар

Регистриран земјотрес на Кипар

Умерен земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтерова скала денеска е регистриран на Кипар. Епицентарот на земјотресот бил во морето, на осум километри од Пафос.

Кипарските медиуми засега не јавуваат за евентуални жртви и за причинета материјална штета.

Кипарската сеизмолошка станица соопшти дека до пладне биле регистрирани 10 слаби последователни потреси.