Македонија Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржат измените на Статутот на партијата

Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржат измените на Статутот на партијата

Реформаторите во ВМРО-ДПМНЕ го поддржуваат процесот на изменување и дополнување на Статутот на партијата во насока на негова демократизација, информираат од таму.

Од внатрепартиската иницијатива за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ, сметаат дека овој процес ќе даде дополнителна вредност на партијата.

„Формирана е работна група во состав Петар Богојески, Илија Илијовски, Драган Лазаров и Александар Стојчевски, кои ќе ги презентираат нашите аргументи и предлози во таа насока. Во процесот ќе се направи детална анализа на статути и други слични акти на сестрински партии, членки на Европската народна партија, за што поголемо приближување до европските стандарди“, се вели во соопштението на реформаторите.