Македонија Реакција на Канцеларијата на ЕУ: Остануваме подготвени да помогнеме

Реакција на Канцеларијата на ЕУ: Остануваме подготвени да помогнеме

„Запознаени сме со пораките од прес-конференцијата на лидерот на опозицијта, Зоран Заев, и остануваме подготвени да помогнеме“, се вели во првичната реакција на Канцеларијата на Европската унија во Скопје на прес-конференцијата на Заев.

На денешната прес-конференција, Заев изјави дека преговорите се неуспешни и дека Груевски не го почитувал договорот од 2 јуни. Лидерот на СДСМ најави дека ќе продолжат со објавување на „бомбите“ од проектот „Вистината за Македонија“.

Реакција на прес-конференцијата на Заев имаше и Европската комисија.

Портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич, за „Мета“ изјави:

„Нашиот став е прилично јасен: итно ги повикуваме партиите да пронајдат компромис во интерес на земјата и на граѓаните. Договорот од 2 јуни ја нуди потребната основа, а останува уште едно крупно прашање да се договори. Нема време за губење“.