Македонија Реактор ја промовираше веб-страницата за млади „Млади низ бројки“

Реактор ја промовираше веб-страницата за млади „Млади низ бројки“

Невладината Реактор – истражување во акција организираше настан под мотото „Да зборуваме за млади – Што е планот?“ на кој беа присутните беа дел од пет различни дискусии на теми и прашања кои ги засегаат младите, како што се образование, невработеност и социјални политики, граѓанско учество, здравје и релевантни алатки за младинско застапување.

Во рамките на дискусиите, Блажен Малески од Реактор презентираше наоди од истражувањата за состојбите со младите, капацитетите на младинските организации и алатките кои им се на располагање.

Зборувајќи пак, на темата невработеност и социјални политики, Младен Фрчковски од Министерството за труд и социјална политика ја презентираше младинската гаранција и што таа овозможува. За состојбите со младите и образованието зборуваше Мартина Илиевска од Младински Образовен Форум, а пак во име на Национален младински совет на Македонија, Илија Станковски дискутираше за младинските политики и механизмите за граѓанско учество за младите. На крајот, Мери Цветковска од ХЕРА ја нагласи потребата и важноста младите да се информираат и едуцираат за своето здравје.

Воедно, на настанот беше промовиран и новиот ресурсен веб-сајт „Млади низ Бројки“ изработен од тимот на Реактор на кој се прикажуваат сите податоци релевантни за младите во Македонија. Од Реактор велат дека целта е преку обезбедување на лесно достапни, интерактивни и визуелизирани податоци, да се поттикне информирана дискусија за положбата на младите во македонското општество, но и да се развие дебата, активности и иницијативи за младинските теми.