Хроника Разбојници ограбиле вработени на бензинска во Скопје

Разбојници ограбиле вработени на бензинска во Скопје

Синоќа, околу 23 часот, двајца маскирани и вооружени разбојници ограбиле вработени на бензинската пумпа „Супер оил“ на улицата Александар Урдаревски во Скопје, информира полицијата.

Како што информираат оттаму, разбојниците, заканувајќи се со огнено оружје од двајца вработени одзеле 6.000 денари и два мобилни телефони.

Екипа на скопската полиција извршила увид на местото и работи на расчистување на случајот.