Хроника Разбојници ограбиле тројца државјани на Сиера Леоне

Разбојници ограбиле тројца државјани на Сиера Леоне

Тројца странски државјани утрово биле ограбени од три непознати лица на локланиот пат Куманово – село Ваксинце, информираат од полицијата.

Разбојништвото, според полицијата, се случило околу 2 часот по полноќ, кога неколку лица со пиштол им се заканиле на тројца државјани на Сиера Леоне и им одзеле 5.300 евра.

Случајот бил пријавен во полиција, која презема мерки откривање на разбојниците.