Хроника Разбојници ограбиле аптека во скопски Чаир

Разбојници ограбиле аптека во скопски Чаир

Две маскирани лица вчеравечер извршиле разбојништво во аптеката „Голд мун“ на улицата Лазо Трповски во Скопје, информираат од полицијата.

Разбојништвото се случило околу 20.20 часот, кога две маскирани лица влегле во аптеката и, заканувајќи ѝ се на вработената со пиштол, одзеле 18.000 денари.

Случајот бил пријавен во полиција, која презема мерки за откривање на разбојниците.