Хроника Разбојници однеле 50.000 денари плен од бензинска на „Макпетрол“

Разбојници однеле 50.000 денари плен од бензинска на „Макпетрол“

Тројца маскирани разбојници утрово, заканувајќи се со пиштол, ограбиле бензинска пумпа на „Макпетрол“ во скопската населба Кисела Вода, соопшти полицијата.

Разбојништвото се случило околу 3.30 часот, на бензинската станица на „Макпетрол“ на улицата Антон Попов, кога тројцата маскирани сторители, од кои едниот вооружен со пиштол, им се заканиле на двајца вработени на бензинската и одзеле околу 50.000 денари од дневниот промет.

Полицијата засега нема осомничени за разбојништвото.