Хроника Разбојници однеле 30.000 денари од аптека во Чаир

Разбојници однеле 30.000 денари од аптека во Чаир

Двајца маскирани и вооружени разбојници вчеравечер ограбиле апетка во скопската населба Чаир, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, разбојништвото се случило околу 19.45 часот, на улицата Џон Кенеди, кога двајцата маскирани влегле во аптека на „Зегин“ и заканувајќи им се со пиштол на двете вработени, однеле околу 30.000 денари.

Случајот бил пријавен во полиција, чии екипи извршиле увид на местото и трагаат по разбојничкиот двоец.