Хроника Разбојници однеле 3.000 денари и цигари од бензинска на „Лукоил“

Разбојници однеле 3.000 денари и цигари од бензинска на „Лукоил“

Двајца маскирани и вооружени разбојници ноќеска ограбиле бензинска станица на „Лукоил“, на автопатот Скопје – Тетово, во близина на селото Арнакија, соопшти полицијата.

Разбојниците, околу 1 часот по полноќ, влегле во бензинската и, заканувајќи му се на вработениот, зеле 3.000 денари и цигари.

Полицијата засега нема осомничени лица и презема мерки за нивно откривање.