Хроника Разбојници нападнале и ограбиле кочанец

Разбојници нападнале и ограбиле кочанец

Дваесет и шестгодишен кочанец вчера пријавил дека бил ограбен од двајца разбојници во угостителски објект во градот, инфомираат од полицијата.

Според пријавата на Љ.Л., тој бил нападнат од две непознати лица кои му зеле 28.000 денари.

Кочанската полиција, по преземените мерки, ги привела А.С. (21) и Б.З. (40), кои се осомничени за разбојништвото и по целосното документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.