Економија Се зголемува извозот на конзервната индустрија

Се зголемува извозот на конзервната индустрија

Mинатата година беше рекордна за конзервната индустрија, со вкупно извезени 46.5 илјади тони преработки на овошје и на зеленчук. Тоа е за 3 проценти повеќе споредено со претходната 2013 година. Освен извезото количество, рекордна е и вредноста на извезени производи, односно вкупно 51,2 милиони евра или за 3,1 отсто повеќе од претходната година.

Според податоците од Македонската асоцијација на преработувачи (МАП), од година во година континуирано се зголемува извозот на конзервната индустрија, односно на македонскиот ајвар, лутеница и на различни видови мармалади и слатка.

Најголем дел од производите се продаваат на европскиот пазар, а минатата година најмногу се извезувал конзервиран зеленчук.