Дописници Расказот „Мојата куќа во Крс-џамија“, најдобар на конкурсот „Живко Чинго“

Расказот „Мојата куќа во Крс-џамија“, најдобар на конкурсот „Живко Чинго“

Расказот „Мојата куќа во Крс-џамија“, испратен под шифра „Куќа“, избран е за најдобар на конкурсот распишан од Општина Охрид.

Конкурсот е спроведен во рамки на манифестацијата „Вечер на Чинго“, што традиционално се одржува во селото Велгошти, родното место на Чинго.

На конкурсот пристигнале 73 раскази, што за членовите на комисијата покажува дека Живко Чинго има голем број свои следбеници.

Паричната награда на авторот ќе му биде врачена на 13 август на културната манифестација „Вечер на Чинго“.