Дописници Расчистен локалниот пат во село Шипковица

Расчистен локалниот пат во село Шипковица

Попладнево е расчистен локалниот пат во село Шипковица, Тетовско, кој утринава околу 2 часот беше блокиран од свлечиштето долго 10 метри и високо 6 метри. Екипите на јавното комунално претпријатие расчистиле наноси од земја и потпорен ѕид. Од Општина Тетово најавија дека од утре ќе почнат да го средуваат ридот.

Свлечиштето најверојатно се случило поради дождот кој наврна изминативе денови во Тетово.

Градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, изјави дека очекуваат Владата да го одобри акцискиот план за да се спроведат превентивни мерки за заштита од свлечишта во Шарпланинскиот масив.

Пред месец и половина, Шипковица беше најпогодена од свлечиштето поради кое имаше и неколку загинати жители.