Македонија Рамизи: Седејќи дома, ни ја олеснувате работата и се штитите себе си

Рамизи: Седејќи дома, ни ја олеснувате работата и се штитите себе си

Ние, епидемиолозите и инфектолозите, сме 24 часа на терен, нема потреба од паника или страв, доволно е еден телефонски повик и ние ќе дојдеме за контрола. Затоа, за да ни ја олесните работата нам а себеси опасноста, останете дома и почитувајте ги владините мерки вели епидемиологот Едита Рамизи, пишува „Порталб.мк.

Јас и сите мои колеги веќе долго време сме постојано зафатени по 24 часа како на телефон така и во клиниката. Поради тоа, ние сме овде за да помогнеме, да не дозволиме состојбата да ескалира и сигурна сум дека ова нема да се случи. Затоа, паниката во вакви случаи не прави ништо освен што го отежнува периодот на домашна изолација и често пати има контра-ефект. Народот сега ја има целосната комоција да седи дома со најблиските, притоа без да се загрозат ниту себе си ниту луѓето околу нив. Исклучително значајно е владините мерки да бидат сфатени сериозно и истите да се почитуваат, бидејќи само на тој начин ќе успееме, вели Рамизи.

Снежана Захариева, директорката на кумановската болница за потврди дека оваа болница е подготвена со сите потребни средства за борбата што Ѝ се заканува со корона вирусот, додавајќи дека до овие моменти во Куманово нема заразени со овој вирус.

Кумановската болница е во состојба да се справи со секоја ситуација, имаме две соби за изолација и десетици други што можат да се користат во случај на потреба, нашите лекари се опремени со сите потребни средства за заштита од вирусот, имаме 1 респираторен апарат. Во контакт сме со одделот за инфективни болести и епидемиолозите 24 часа секојдневно и соработуваме за секоја потреба. Наместо паника, апелирам за одговорно однесување, рече директорката на кумановската болница, Снежана Захариева.