Дописници Рама ги седна Беса и ДУИ на иста маса

Рама ги седна Беса и ДУИ на иста маса

Албанскиот премиер Еди Рама успеа првпат да ги седне на заедничка маса лидерот на Беса, Билал Касами, и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, јавуваат албанските медиуми.

Засега нема јавна декларација за исходот од средбата, но албанските медиуми јавуваат дека средбата минала во најдобар ред.

Како што јавува дописникот на „Мета“ од Тирана, повикувајќи се на доверливи извори, ставот на Рама не е променет во однос на учеството на албанските партии во новата влада на Македонија. Тој смета дека албанските партии треба да се обединат и едногласно да ја застапуваат имплементацијата на Охридскиот рамковен договор.