Спорт Ракометарите на Вардар убедливи против тимот на Рајн Некар-Левен во ЛШ

Ракометарите на Вардар убедливи против тимот на Рајн Некар-Левен во ЛШ

Тимот на македонскиот ракометен вицепрвак Вардар, синоќа, во натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, во Манхајм, убедливо го совлада составот на германскиот претставник Рајн Некар-Левен, со резултат 35-28.

Ова беше седма победа за екипата на Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите.

Најефикасен во редовите на Вардар беше Игор Карачиќ со осум гола, Тимур Дибиров постигна шест, додека Сергеј Гоброк и Алекс Душебаев беа прецизни по четирипати.

Синоќешниот дуел во Мајнхајм беше одлучувачки за тоа кој ќе ја заземе втората позиција на табелата во групата Ц. Вардар на ждрепката за осминафиналето во вторник ќе очекува условно полесен противник, односно третопласираната екипа од групите А, Б или Д и вториот натпревар од дуелите ќе го игра на домашен терен.